Фондацијата на Бил Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании со цел да соработуваат за забрзување на процесот на производство на вакцина против корона вирусот и да обезбедат што поскоро да почне дистрибуција на вакцини низ целиот свет.

Фармацевтските компании се согласија да ги прошират капацитетите за производство на лекови. На пример, лекот „ремдесивир“ беше направен од компанијата „Гилид“, а сега дополнителни количини ќе се произведуваат во фабриките на компанијата „Фајзер“. Ниту една фабрика никогаш немаше дозволено своите фабрики конкуренцијата да ги користи на овој начин, а сега гледаме слична соработка и кога станува збор за вакцините –  изјави Гејтс.

Основачот на „Мајкрософт“ додава дека компаниите се согласиле да соработуваат на производството на вакцини и да го зголемат производтвото со невидена брзина, обезбедувајќи одобрените вакцини да бидат дистрибуирани што е можно поскоро.

Според Гејтс, моментално најголемиот дел од светското произвдство на вакцини против корона вирусот е резервирано за испраќање во богатите земји.

Овие држави склучуваат договори со фармацевтските компании, обезбедувајќи го правото да купат вакцини веднаш откако ќе бидат произведени. Но, што е со земјите од светот со ниски и ниско средни приходи, земји од Јужен Судан, преку Никарагва до Мјанмар? Како што стојат работите, овие земји ќе можат да покријат најмногу 14 отсто од своето население – предупреди Гејтс.

Сепак, според Гејтс, за тоа не треба да се критикуваат богатите земји, туку треба да се работи на зголемување на капацитетите.

– Тие прават нешто што е сосема разбирливо – се обидуваат да го заштитат својот народ. Наместо тоа, мораме значително да ги зголемиме светските капацитети за производство на вакцина – порача Бил Гејтс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.