Американскиот милијардер Бил Гејтс е оптимист за следната година, но изразува и загриженост за одредени прашања.
Гејтс во текст насловен „Причини за оптимизам по тешка година“ објавен на неговиот блог наведува неколку оптимистички прогнози – од можен крај на пандемијата со Ковид-19 до развој на метавселена.
Исотвремено, според Гејтс, главен проблем следната година ќе биде недовербата на луѓето во владите.
Тоа е едно од прашањата кои ме вознемируваат најмногу со наближувањето на 2022 година – посочува Гејтс.
Тој истакнува дека политичарите треба да бидат важен фактор за решавање на проблемите предизвикани од климатските промени и спречување на следна пандемија.
Но, малку може да се направи ако луѓето отфрлат се уште на почеток. Ако луѓето не веруваат, нема да поддржат големи иницијативи. А кога ќе се појави голема криза, тешко дека ќе ги следат инструкциите на властите за надминување на бурата – потенцира Гејтс.
Тој додава дека таквиот скептицизам е посебно евидентен во пандемијата со Ковид-19 односно дека дезинформациите за корона вирусот ја нарушуваат програмата за вакцинација и го одложуваат крајот на пандемијата.
Гејтс наведува и дека политички мотивираните наслови во медиумите, како и на социјалните мрежи, ги зголемиле разликите, поради што тој верува дека владите можеби ќе треба да ги „регулираат“ онлајн платформите за ефикасно да се справат со дезинформациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.