Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс донирала уште 70 милиони долари (59,5 милиони евра) за развој и дистрибуција на вакцина против Ковид-19, со надеж дека и други меѓународни чинители ќе дадат повеќе пари за глобалните напори во борбата против пандемијата.

Фондацијата објави дека 50 милиони долари ќе донира на ГАВИ Ковакс механизмот за финансирање кој го предводи Глобалната алијанса за вакцинирање (ГАВИ), додека 20 милиони долари ќе бидат донирани на Коалицијата за иновации против епидемијата (ЦЕПИ).

Од Фондацијата наведуваат дека е потребно да се обезбеди сите да имаат еднаков пристап до тестовите, лековите и вакцините, тогаш кога ќе бидат достапни, без оглед на тоа во кој дел од светот живеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.