Астра зенека без профит ја произведува својата вакцина против ковид – и ова ѝ е фала за тоа.

Кампањата за оцрнување врз вакцината на Оксфорд / Астра зенека може да му наштети на обезбедувањето евтини дози во иднина, откри Би-би-си. Фармацевтскиот гигант ја произведува својата вакцина против ковид без профит – откажувајќи се од потенцијалните милијарди – со цел да ги направи своите инјекции достапни за најсиромашните земји во светот, вели Спајкд.

Утрово медицинскиот уредник на Би-би-си, Фергус Валш, рече дека високи лица во Астра зенека му рекле дека во идните пандемии тие можеби нема да прават вакцини без профит:

Повеќе од еден висок функционер во Астра зенека ми рече на само… ‘Не ќе да би го сториле ова пак’. Тие гледаат дека Фајзер ќе заработи милијарди од вакцината“, додаде тој.

Коментарите на Волш дојдоа како одговор на уште една жестока расправа за ефикасноста на вакцината на Астра зенека. Американскиот Одбор за следење на податоците и безбедноста, независно медицинско тело, во вторникот објави вонредна критика до Астра зенека, сугерирајќи дека дала „застарена информација“ кога тврдела дека нејзината вакцина е 79% ефикасна против симптоматскиот ковид. АЗ последователно го ревидираше овој број на 76 проценти – прилично ситно намалување – и позитивно ја ревидираше нејзината ефикасност кај постарите лица.

Ова е само последниот во долгата низа нефер-напади врз вакцината на АЗ. Досега најголем дел од критиките упатени кон неа доаѓаат од владите на ЕУ и Европа, кои ја поткопаа вербата во вакцината како дел од вербалната војна со компанијата.

Европските лидери наизменично ја обвинија вакцината дека е неефикасна кај постарите лица и дека предизвикува потенцијално смртоносно згрутчување на крвта. Оваа недела, Астра зенека дури беше обвинета – неосновано – дека криела дози од вакцината од Европската комисија. Оваа кампања на оцрнување резултираше со тоа што огромен број дози на Астра зенека седат неискористени во Европа.

Како што нагласи Волш, делумно благодарение на овој пад на довербата во вакцината, АЗ едвај чекаше да објави нови податоци за нејзината ефикасност – истите податоци што Одборот за следење на податоците и безбедноста потоа ги искритикува.

Постојаното оцрнување на АЗ веќе чинеше животи. Сега, АЗ во иднина можеби нема да се мачи да прави непрофитни вакцини, ако ова е благодарноста што ја добива. Нашата способност да се справиме со идните пандемии може сериозно да биде загрозена.

Наместо постојано да ја критикуваме Астра зенека, како што тоа го прават ЕУ и други, ние треба да ја поддржуваме нејзината великодушност.

Текстот е преземен од МКД.МК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.