Најбогатиот човек на планетата, сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос од денеска е првиот човек во светот чие богатство достигна денес достигна до 200 милијарди долари.

Вчера, акциите на „Амазон“ скокнаа за 1,2%, што го зголеми неговото богатство за околу 2,1 милијарди долари. Бидејќи има толку голем удел во компанијата за е-трговија, дури и најмала промена на подобро, поврзана со растот на „Амазон“, автоматски се одразува на сметката на Безос.

Овој рекорд доаѓа откако Безос достигна вредност од 197,8 милијарди американски долари, што магазинот „Фортун” го забележа како рекорд откако го мери статусот на милијардери од 1982 година. За потсетување, Безос има 11,1% удел во компанијата со пазарна вредност од 1,68 трилиони долари.

Ова значи дека вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, останува далеку од шефот на „Амазон“, со своите „скромни“ 115,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.