Брисел има исклучително висока стапка на инфекција, моментално една од највисоките во Европа. Властите во белгискиот главен град и седиштето на европските институции воведоа низа нови мерки за забавување на огромниот раст на бројот на новозаразени.

Од денеска во сила е полициски час од 22 до 6 часот наутро, затворени се спортски сали, базени и теретани, кина, театри и музеи. Забрането е собирање на повеќе од четири лица, свадби се вршат само во присуство на младенци, кумови, матичари или свештеници. На погреб е дозволено максимум 15 лица со почитување на растојание од 1,5 метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.