Незапамтена случка е забележана во Кина. Во градот Лаики, сигурносните камери забележале дека пред локалната продавница се приближил возрасен човек со торба во раката. Набрзина ја оставил торбата и изгебал. По неколку часови од торбата излегло тригодишно дете.Тоа бил неговиот син за кого таткото веќе не можел да се грижи.

Тој се правдал дека нема пари да го издржува откако мајката ги напуштила и морал да го остави со надеж дека некој подобро ќе се грижи. Детете е однесено во дом, а таткото е под постојано полициско набљудување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.