Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болница откако беше позитивен на тестот за коронавирус, потврди во петокот неговата колешка од партијата Форца Италија, Лисија Ронзули.

Берлускони ја помина ноќта во болница. По утрото кое започна малку лошо, тој сега е добро, тој ја помина ноќта добро. Ова е превентивна хоспитализација потребна за следење на напредокот на Ковид-19, рече Рунзили.

Дека Берлускони е позитивен на Ковид-19 беше соопштено во средата од неговиот личен лекар, Алберто Зангрлио. Тогаш беше кажано дека тој е асимптоматичен, дека се наоѓа во својата вила во Милано и дека ќе остане 14 дена во карантин.

Берлускони беше премиер на Италија помеѓу 1994 и 1995 година, 2001 и 2006 година и 2008 и 2011 година. Од 2019 година, тој е член на Европскиот парламент, претставувајќи ја Северо-западна Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.