Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, смета дека американскиот претседател, Доналд Трамп, загубил на претседателските избори поради својата прекумерна агресија и ароганција.

Мислам дека тој беше поразен на овие избори и поради својот став, многу често премногу агресивен, многу често премногу арогантен – изјави Берлускони за РАИ.

Берлускони оценува дека, доколку се исполни, намерата на избраниот претседател Џо Бајден да биде претседател на сите Американци, може „да биде добра за сите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.