По прележаниот коронавирус и со оглед на подобрата изолација во Франција кај една од своите ќерки, Силвио изминатиот период го минал во Монако, а ова попладне бил итно пренесен во една од најугледните болници во кнежевството, по стручна препорака на својот личен доктор.

Оваа вест ја потврди неговиот доктор за „Ројтерс“ и нагласи дека станува збор за претпазливост со оглед на здравствената историја која ја има пациентот Берлускони, кој во 2016-та година подлегна на комплицирана срцева операција. Денешното сместување во болница било поради кардиоваскуларни проблеми, но добра вест пристигна оваа вечер откако самиот Силвио испрати порака преку социјалните мрежи.

Им благодарам на многумина што ми испраќаат пораки за поддршка во изминатите часови. Благодарен сум на моите пријатели, поддржувачи, па дури и на политичките противници кои покажаа учтивост со вниманието и поддршката. Сакам да ги уверам сите. Јас сум во добра здравствена состојба, моето хоспитализирање се должи на стандардни проверки кои беа нешто малку посложени од рутински преглед. Овие препораки ми беа наметнати од моите претпазливи доктори.

Јас не сум загрижен за мојата состојба, загрижен сум за жртвите од Ковид 19 и други болести во Италија, како и последиците кои ги трпат Италијанците од сериозната финансиска криза, – порача Силвио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.