Берлинската универзитетска болница „Черит“ во понеделникот изјави дека клиничките резултати на лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, укажуваат на тоа дека тој бил отруен.

Болницата открива дека Навални сè уште е во индуцирана кома и дека тој е во сериозна, но не и опасна по живот состојба. Понатаму, се вели дека Навални може да остане со долгорочни последици врз неговиот нервен систем.

Претходно истиот ден, германската влада исто така соопшти дека е „прилично веројатно“ дека Навални е отруен.

Имаме работа со пациент, кој најверојатно бил отруен, рече Стефен Зајберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Навални беше пренесен во Германија на 22 август од Сибир, каде што му се слоши на домашен руски лет, а руските лекари тврдат дека имал метаболичко нарушување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.