Туристичката агенција „Visit Berlin“ лансираше кампања со која сака да ги потсети на правилата на градот сите туристи кои одбиваат да носат маска.

На билбордите ширум Берлин туристите ги пречекува реклама со жена која им покажува среден прст, а на нив пишува: „Среден прст за секој без маска. Ние се придржуваме кон корона-правилата“.

Покрај постерите на германски јазик, поставени се и исти на англиски, турски и арапски јазик, но со помалку „агресивен“ слоган како „Маската на вас. Да ги чуваме светлата од гаснење“.

Сакавме да користиме јазик кој му прилега на карактерот на Берлин и кој ќе ја подвлече драматичноста на пандемијата во која се наоѓаме, велат за „Гардијан“ од туристичката агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.