Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови беа уапсени на демонстрациите против изборната победа на претседателот, Александар Лукашенко.

Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата.

Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени.

Во меѓувреме, белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните.

Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните – изјави Карајев.

Во меѓувреме, соработничката на претседателската кандидатка, Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести

Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин – истакна Колесникова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.