Портпаролот на кризниот штаб за Ковид-19 во Белгија, Ив Ван Латем, порача дека вакцините нема да бидат доволни за целосна имунизација на населението.

На новинарско прашање дали е потребно да се развие некаков терапевтски третман против вирусот, Ван Латем објасни дека би било „многу добро“ да се развие орална терапија против болеста од повеќе причини.

Како што истакна Ван Латем, едната е затоа што некои лица одбиваат или не можат да се вакцинираат, но и затоа што вакцината не е доволна кај други затоа што нивниот имун систем не одговара адекватно на вакцинацијата.

Портпаролот објасни дека, конечно, една група ќе ги изгуби антителата побрзо од остатокот од населението и за нив би бил корисен ран терапевтски третман.

Тој, сепак, истакна дека антивиралната терапија има смисла само доколку се земе на самиот почеток на болеста, затоа што подоцна вирусот предизвикува низа инфламаторни реакции кои не можат повеќе да се контролираат со антивирален лек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.