Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, објави пред пратениците дека поднесува оставка. Тој поднесе оставка под притисоците на неговата влада по излегувањето на најголемата коалициска партија, поради неговата поддршка на Договорот на ОН за глобална миграција.
„Донесов одлука да поднесам оставка и планирам веднаш да одам кај кралот, да му ја предадам“, рекол Мишел по расправата во Претставничкиот дом и заканите дека левицата ќе поднесе предлог да му се изгласа недоверба.
Некои пратеници бараа тој да прифати гласање за недоверба на малцинската влада, но Мишел досега тоа го одбиваше, иако изгледало дека оваа недела тоа гласање ќе биде неизбежно.
Белгиската влада мораше да биде реконструирана минатата недела затоа што најголемиот коалициски партнер се спротивстави на одлуката на премиерот Шарл Мишел да го потпише пактот за миграција, необврзувачки договор на ОН чија цел е да обезбеди организирана меѓународна миграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.