Белата куќа се согласи дека демократската сенаторка од Калифорнија, Камала Харис, ги исполнува условите да биде потпретседателка на САД.
Со ваквит став на Белата куќа, е ставен крај на сомневањата дали сенаторката Харис би можела да ја врши оваа функција доколку биде избрана на ноемвриските избори..
Според моето мислење, случајот е затворен – изјави Џејсон Милер, еден од советниците во предизборниот тим на претседателот Доналд Трамп.
На исто мислење е и Трамповиот шеф на кабинет, Марк Медоуз.
Камала Харис е дете на родители имигранти, родена во САД, во градот Оукленд во Калифорнија. Нејзината мајка се доселила од Индија поради студии, додека нејзиниот татко е со потекло од Јамајка.
Таа е првата Афроамериканка – кандидатка за потпретседател на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.