Метеоролозите го предупредиле населението во Унгарија за природниот феномен познат како „бела смрт“.
Според приказните на локалното население, туристите треба да дадат се од себе за да ја избегнат маглата бидејќи може да биде опасна за здравјето.

„Белата смрт“ ја означува зимската магла со ниски температури. Научниците од целиот свет не успеале да најдат објаснување за овој феномен, но луѓето традиционално го поврзуваа со мистицизмот.

Унгарските граѓани велат дека „белата смрт“ е неверојатно убава, но туристите подобро да бегаат од неа за да не се најдат во центарот на природниот феномен. Ненадејниот пад на температурата може да доведе до смртни случаи и тоа може да им се случи и на луѓето и на животните, кои не успеваат да избегаат до потоплите места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.