Данската влада одлучи учениците од основните училишта да посетуваат учење на далечина во последните неколку дена пред божиќните празници и нареди ноќните клубови, баровите и рестораните да се затвораат на полноќ, во обид да се спречи ширењето на корона вирусот.

Премиерката Мете Фредериксен соопшти дека се забрануваат концерти со повеќе од 50 луѓе кои стојат и дека посетителите на рестораните се обврзани да носат маски кога не седат, а на вработените им препорача да работат од дома.

Мерките ќе почнат да се применуваат од петок и треба да траат четири недели.

Училиштата ќе преминат на онлајн настава во среда, 15 декември. Божиќниот распуст во Данска почнува на 20 декември.

Зборувајќи за новиот сој на корона вирусот, омикрон, Фредериксен изјави дека се очекуваат повеќе инфицирани, повеќе болни, а со тоа и потенцијално повеќе хоспитализирани пациенти.

Новата варијанта носи и значителен ризик од критично преоптоварување на здравствениот систем и затоа сега треба да направиме повеќе – порача таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.