Светски познатата туристичка дестинација на Индонезија – островот Бали, полека се отвора за странските туристи. Од денеска, целосно вакцинирани посетители од 19 земји, вклучително и Кина, Индија и Франција, може да го посетат островот, но сепак, задолжителен е петдневен карантин во хотелот.

Засега нема меѓународни летови уште откако властите, поради корона вирусот, го затворија меѓународниот аеродром во април минатата година.

Во јули годинава, Индонезија стана жариште на Ковид-19 во Азија, но дневниот број на нови заразени е значително намален. Бали е меѓу областите со највисок процент вакцинирано население во земјата – над 82 отсто од луѓето на островот се целосно вакцинирани.

Откако беше објавен списокот земји од кои луѓето може да дојдат на Бали, почнаа подготовките на хотелите, рестораните и други стопански гранки. Во нормални услови, островот бележи шест милиони странски гости годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.