Џозеф Бајден денеска треба официјално да биде прогласен за 46. претседател на САД од Изборниот колеџ, составен од 538 претставници од 50 сојузни држави и областа Колумбија. Резултатите од нивното гласање се доставува до американскиот Конгрес каде што на 6. јануари се формализира победникот .

На изборите демократскиот кандидат Бајден убедливо го победи противникиот од републиканската партија и досегашен претседател Доналд Трамп со 306 наспроти 232 електорални гласа, што е далеку повеќе од потребните 270.

Иако шансите на претседателот Доналд Трамп се само теоретски, тој се уште не се откажува од тврдењата за изборни измами. Тој ги оспорува изборните резултати во повеќе сојузни држави каде што имаше цврсто водство до моментот кога почнаа да се пребројуваат гласовите пристигнати преку пошта. Неговиот правен тим досега поднесе неколку тужби кои беа одбиени од страна на судовите како неосновани поради немање на конкретни докази.

Тие правеа измами како никој претходно и беа фатени. Никој не може да оди и да им каже честитки, имавте навистина добра кампања. Тие немаа добра кампања, тие крадеа. Ставаа стотина илјадници гласачки ливчиња и правеа работи какви што никој не видел претходно и ние ги фативме. Ние ги докажавме изборните измами но ниту еден судија немаше храброст вклучувајќи го и Врховниот суд од кои сум многу разочаран – вели претседателот Доналд Трамп.

Во пресрет на официјалното избирање на новиот претседател, поранешниот заменик претседател Ал Гор за Си-Ен-Енизјави дека со тоа што републиканците не признаваат пораз, покажуваат непочитување кон американската демократија.

Оние кои зборуваат за продолжување на „борбата“ откатко таа е завршена покажуваат непочитување кон американската демократија која според зборовите на Линколн е последната и најдобрата надеж за човештвото – вели Ал Гор.

Во изминатите денови тензијата помеѓу приврзаниците на двата табора ескалираше во неколку наврати. Во саботата илјадници приврзаници на Трамп се собраа пред канцелариите на електоралниот колеџ каде што се судрија со полицијата и подржувачите на Бајден што резултираше со повеќемина повредени и неколкумина приведени лица .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.