Американскиот претседател Џо Бајден се пошегува на новинарско прашање како поминал разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Како што рече на шега, новинарите беа главната тема на разговор.

По разговорот меѓу двајцата лидери, еден новинар од салата го праша Бајден за што разговарал со неговиот руски колега.

За вас. Тој многу ве поздравува, одговори Бајден.

Да потсетиме, синоќа Путин и Бајден разговараа по телефон за прв пат по инаугурацијата. Двајцата лидери разговараа за повеќе теми.

Лидерите изразија задоволство од размената на белешки за продолжување на Договорот за стратешко офанзивно вооружување.

Меѓу меѓународните теми, разговараа за едностраното повлекување на САД од Договорот за отворено небо, проблемот со зачувување на иранската нуклеарна програма, украинскиот проблем и руската иницијатива за одржување на самит на постојани претставници на членките на Советот за безбедност на ООН .

Разговарано е и за соработката во борбата против пандемијата на коронавирусот, како и за трговската и економската соработка.

Путин му честиташе на Бајден за започнувањето на работата како претседател на Соединетите Држави. Тој истакна дека нормализацијата на односите меѓу Москва и Вашингтон е во интерес на двете земји.

Тие се согласија да продолжат со контактите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.