Американскиот претседател, Џо Бајден, формираше комисија составена од експерти чија цел ќе биде да спроведат реформа на Врховниот суд на САД, институција чие функционирање е предмет на редовна критика.

Како што соопштија од Белата куќа, Комисијата ќе има рок од шест месеци да даде препораки за реформа на Судот.

Новото тело, составено од демократски и републикански експерти, ќе ги испита чувствителните аспекти на можната реформа на Врховниот суд, вклучително и должината на мандатите на членовите, нивниот број, начинот на кој работи Судот и правилата на институцијата.

Врховниот суд има девет судии назначени доживотно. Тие се именувани од претседателот на државата, а Сенатот го потврдува нивното назначување.

Во моментов судот има шест конзервативни судии, од кои тројца беа назначени од поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.