Новоизбраниот потпретседаел Џо Бајден денеска ги обелодени имињата на новиот државен обвинител и првите луѓе на Министерството за правда. Во оваа прилика тој уште еднаш потсети за немилите настани во и околу Капитол во американската престолнина вчера. 

-Тие беа спроведени од насилничка толпа, востаници, домашни терористи, изјави тој. 

Рече дека ако вчера демонстрирале активистите на Црните животи се важни, „тие ќе беа третирани многу поинаку“. 

-Нашиот претседател не е над законот, тој го поттикна ова, не од сега и не од овде. 

Додаде дека ова било „комбинација од напади врз Уставот на САД и врз трите гранки на законодавната, извршната власт и судската власт“. Тоа се покажа со тоа што дури и „потпретседателот беше запрен во извршување на својата уставна надлежност“. 

Бајден потоа ја потврди коандидатурат за нов дражвен обвинтел на Мерик Гарланд, кој ќе го предводи и Министартсвото за правда на САД. Негов заменик е Лиза Монако, додека Ванита Гупта е именувана за помошник на државниот обвинител а Кристен Калрк за помошник државен обвинител нa одделот за граѓанските права 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.