Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за воведување нови санкции против Русија.

Новите американски санкции се однесуваат на шест руски компании за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибер напади, соопшти весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од американската администрација.

Според весникот, САД ќе протераат и 10 руски „разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие#.

Освен санкциите, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд или руското Министерство за финансии.

САД, меѓудругото, сметаат дека Русија е одговорна за кибер нападот на „SolarWinds”.

Американското Министерството за финансии веќе воведе санкции за 16 организации и 16 лица, наводно, поврзани со мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година.

Санкциите на САД се поддржани од ЕУ и НАТО, но тие не планираат да воведат свои ограничувања, пишува „Вашингтон пост”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.