Американскиот претседател Џо Бајден во говорот во Варшава во саботата рече дека не повикува на промена на режимот во Русија.

Не – одговори Бајден кога новинар во прес-салата праша дали повикува на промена на режимот во Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

На крајот од својот говор пред Кралската палата во Варшава во саботата, Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин не треба да остане на таа позиција.

За име на Бога, тој човек не смее да остане на власт, ​​рече Бајден.

Набргу по говорот на американскиот претседател, официјален претставник на Белата куќа изјави дека Бајден не повикува на промена на режимот во Русија, но дека смета дека „не треба да му се дозволи на Путин да има моќ над соседите или регионот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.