Американскиот претседател Џо Бајден најави измени во програмата за федерална помош, со кои ќе бидат опфатени најмалите фирми и тие чии сопственици се жени и припадници на малцинставата.
Тој прецизира дека измените, кои ќе стапат во сила утре, ќе пружат долгорочна помош за малите фирми кои претрпеа загуби поради пандемијата со Ковид-19. Бајден истакна дека малите фирми во барањата за федерална помош на почетокот од пандемијата биле потиснати од големите компании.

Американскиот мал бизнис страда, многу страда и веднаш му е потребна помош – посочи Бајден.

Бесповратна помош е предвидена за фирмите кои имаат помалку од 20 вработени, како и за самовработените мајстори, козметичари, од кои поголемиот број се жени и припадници на малцинствата.

Измените предвидуваат и забрана за давање на кредити на компаниите во кои сопственички удел од најмалку 20 проценти има лице кои изминатите години било апсено или осудено за некое кривично дело.

Програмата, што почна на 3 април и заврши на 8 август минатата година додели 5,2 милиони долари заеми во висина од 525 милијарди долари, со што опстанаа многу бизниси. Најновата програма, која почна на 11 јануари и ќе трае до крајот на март, веќе исплати 133,5 милијарди долари заеми, скоро половина од 284 милијарди долари што ги додели Конгресот, со просечен заем под 74 000 американски долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.