Поранешниот потпретседател на САД,  Џо Бајден нема да отпатува во Висконсин поради коронавирусот, каде ќе се одржи партиска конвенција за прифаќање на претседателската номинација на демократите, изјавија партиски функционери, а конвенцијата најверојатно ќе се одржи виртуелно.

Одлуката Бајден да не дојде во Милвоки, каде демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој би ја прифатил претседателската номинација, веројатно значи дека настаните од 17-20 август ќе се одржат речиси целосно виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе одржи говор од својот дом во државата Делавер, објави Демократската партија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, од друга страна, вчера изјави дека „веројатно“ ќе одржи говор, по повод прифаќањето на претседателската номинација на републиканците, подоцна овој месец од Белата куќа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.