Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американските војници ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај, а процесот ќе заврши пред 11 септември.

– САД го почнуваат своето конечно повлекување на 1 мај оваа година. Нема да брзаме. Ќе го направиме тоа одговорно, со намера и безбедно и во целосна координација со нашите сојузници и партнери, кои сега имаат повеќе сили во Авганистан од нас, рече Бајден.

Тој додаде дека за својата одлука разговарал со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.