На американскиот претседател Џо Бајден во февруари му била отстранета кожна лезија од градите, која била карцином на базалните клетки – вообичаена форма на рак на кожата, изјави лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор.

Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането – вели О’Конор.

Бајден ќе биде под лекарски надзор и понатаму, но според лекарот не е потребен дополнителен третман.

О’Конор вели дека областа каде што била отстранета канцерогената лезија „добро зараснала“.

Лезиите на карцином на базалните клетки немаат тенденција да се ‘шират’ или да метастазираат, како што е познато дека прават некои посериозни карциноми на кожата, како што се меланом или сквамозен карцином, додава О’Конор.

Во февруари, О’Конор објави дека претседателот Бајден останува физички здрав и енергичен и е „способен успешно да ги извршува должностите за претседател“.

Карциномот на базалните клетки на кожата е еден од најчестите видови на рак во САД и третманот може да биде многу ефикасен кога ракот е рано откриен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.