Кралството Бахреин е втора земја во светот што издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.

Како што објави државната новинска агенција на Бахреин, дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци.

Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата.

Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеската вакцина што ја разви „Синофарм“.

Вакцината што ја развија американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „БиоНTек“, прва во средата ја одобри Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.