Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, по посета на бегалски камп во Грција, изјави дека Европската Унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници.

Баербок порача дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.

Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат – изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа“.

Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи Никос Дендиас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.