Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската армија гранатирала шест нивни села околу Нагорно Карабах.

Тие нè гранатираат, но ние соодветно одговараме – се вели во соопштението.

Пред десетина дена официјален Баку тврдеше дека Ерменците гранатирале позиции на азербејџанската армија.

Од друга страна, официјален Ереван тврди дека воените сили на Азербејџан почнале акција против Нагорно Карабах, гранатирајќи населени места, вклучително и главниот град на областа, Степанакерт.

Двете страни пријавуваат жртви, меѓу кои има и цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.