Азербејџан и етничките ерменски сили во средата водеа нови судири по најголемата ерупција од нивниот децениски конфликт од средината на 90-тите години на минатиот век, додека Франција и Турција меѓусебно се обвинуваат за зголемување на меѓународните тензии.

Азербејџан и етничката ерменска енклава Нагорно Карабах соопштија дека има напади од обете страни на границата што ги дели, пренесува Ројтерс.

Десетици се убиени и стотици ранети во борбите што започнаа во неделата и се проширија надвор од границите на енклавата, заканувајќи се дека ќе се претворат во целосна војна меѓу поранешните советски републики Азербејџан и Ерменија.

Борбите ја зголемија загриженоста за стабилноста во регионот на Јужен Кавказ, коридор на цевководи што превезуваат нафта и гас до светските пазари, и ги зголемија стравувања дека може да се вовлечат регионалните сили Русија и Турција.

Некои од сојузниците на Турција во НАТО се повеќе се вознемирени од ставот на Анкара кон Нагорно Карабах, отцепениот регион на блискиот сојузник на Турција, Азербејџан, кој е управуван од етнички Ерменци, но ниту една земја не го признава како независна република.

архива

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот рече дека Азербејџан мора да ги преземе работите во свои раце и дека Турција ќе застане со неа „со сите свои ресурси и срце“.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во средата ја повтори поддршката на Анкара, велејќи дека Турција „ќе стори што е потребно“ на прашањето дали ќе понуди воена поддршка доколку Азербејџан го побара тоа.

Чавушоглу ја критикуваше Франција, која има многу граѓани од ерменско потекло, велејќи дека француската солидарност со Ерменија значи поддршка на ерменската окупација во Азербејџан.

Францускиот претседател Емануел Макрон на ова возврати при посетата на членката на НАТО, Летонија.

Макрон рече дека Франција е крајно загрижена од „воинствени пораки од Турција“ кои во суштина отстрануваат каква било инхибиција на Азербејџан во повторното освојување на Нагорно Карабах. И дека нема да прифати такво нешто“.

Советот за безбедност на ОН во вторникот повика на итен прекин на борбите околу Нагорно Карабах, кој се одвои од Азербејџан во 90-тите години во војната во која загинаа околу 30 000 луѓе, а раселени беа стотици илјади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.