Најмалку пет лица загинаа откако автомобил удрил во група пешаци во пристанишниот град Далиан во североисточна Кина, јавија денеска државните медиуми.

Црна лимузина удрила во група луѓе кои минувале улица, по што возачот избегал од местото на настанот, но брзо бил фатен.

Четири лица починале на самото место, едно е прогласено за мртво по приемот во болница, додека пет лица кои се здобиле со повреди се лекуваат.

Возачот бил фатен и утврдено е дека тој не управувал со возило под дејство на дрога или алкохол.

Во тек е истрага, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.