Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин

Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани антиглобалистички пораки.

„Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот.

Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16 провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.