Најмалку 22 лѓе загинале, а 33 се повредени во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња.

Несреќата се случила кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.

Властите соопштија дека камионот менувал гуми на патот кога автобусот удрил во него на околу 220 километри јужно од Каиро.

Во сообраќајни несреќи во Египет гинат илјадници луѓе годишно. Причина за несреќите, главно се лошите патишта или лошото спроведување на сообраќајните закони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.