Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.

Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.

Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.

Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако минатата недела 34 луѓе загинаа во две последователни несреќи во провинцијата Газиантеп. Тогаш камион и автобус се судрија во возила кои претходно учествувале во помали несреќи.

Локалните медиуми пишуваат дека во Турција секоја година во сообраќајни нсреќи гинат стотици луѓе. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека лани загинале 920 луѓе, а повредени биле близу 130.000.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.