Австриските власти најавија дека ќе ги затворат сите џамии кои промовираат радикален ислам, објави австриската новинска агенција АПА.

Министрите за внатрешни работи и интеграција најавија затворање на т.н. „радикални џамии“ по смртоносниот терористички напад кој џихадист го изврши во понеделникот во Виена.

Во нападот загинаа четири лица.

Деталите за затворањето на џамиите ќе бидат објавени на прес-конференција, јави АПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.