Австрија ја тресе голем скандал откако во јавноста се појавија обвиненија дека војници сексуално злоставувале жени при масовното тестирање за корона вирусот во градот Грац.

Како што пишуваат тамошните медиуми, еден од војниците ѝ рекол на една жена: „Сега ќе ти ставиме стапчиња во двете дупки“.

Весникот „Кронен Цајтунг” пишува дека обвиненијата на сметка на војниците се многу сериозни.

Најмалку две лица пријавија сексуално злоставување од страна на војниците при процесот на тестирање на коронавирус во Грац – изјавил портпаролот на воените сили, Михаел Бауер.

Тој изјавил дека жените по тестирањето биле контактирани преку Фејсбук.

Со оглед на тоа дека припадниците на Министерството за одбрана потпишале акт за заштита на податоците, ова претставува злоупотреба на службената положба – појаснил Бауер.

Портпаролот истакнал дека му е многу жал поради инцидентот и им се извинил на жените кои биле злоставувани.

Ова е недозволиво однесување. Отворена е истрага – објавил Бауер.

Засега не е познато колку жени биле злоставувани, ниту, пак, колку војници се осомничени за злоставувањето, како ни што точно правеле.

Бауер информирал дека една пријава е отфрлена, бидејќи жената на крајот одлучила сето тоа да го сфати како шега.

Властите ги повикале сите граѓани кои сметаат дека на било кој начин биле оштетени да се јават во Министерството преку и-мејл или во канцеларијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.