Граѓаните на Австрија, во просек по човек во ѓубре фрлаат по 60 килограми храна годишно.

Истражување на Иницијатива против расфрлање храна, покажува дека во Австрија годишно се фрлаат вкупно околу милион тони храна, од кои половина се должи на неодговорно однесување на домаќинствата.

Најголемиот дел од фрлена храна доаѓа од домовите во Австрија. Честопати е тешко детално да се испланира. Имаме големи барања за тоа како треба да изгледа храната за да ја јадеме – вели Георг Штрасер од иницијативата „Предобро е за да се фрли“ (Too Good To Go).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.