Австрија ќе воведе „локдаун“ само за невакцинирате против Ковид-19. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц го објави фокусот на новите мерки кои ќе важат оваа есен и кои се наменети токму кон оние кои досега немаат примено вакцина.

Курц објаснува дека целта на новите мерки е да се зголеми подготвеноста за вакцинација и повеќе контроли.

Отсега натаму неделната индиценца нема да се следи како индикативна вредност за носење мерки. Наместо тоа, ќе се следи идниот капацитет на единиците за интензивна нега.

Што се однесува до локдаунот, Курц рече дека, доколку се потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинација, тој објави дека сака да продолжи да се дава третата доза, и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Курц, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има се повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата за короната не се почитуваат насекаде. Тој исто така најави и отворање на училиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.