Австрискиот Парламент денеска одобри Владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар, болница или резервација на хотел и покрај воздржаноста на некои бизнис здруженија.

Владејачките конзервативни пратеници во коалиција со Зелените гласаа за владата на Себастијан Курц да ја воведе мерката по завршувањето на третиот карантин на 24 јануари.

За таквата одлука беа и опозициските социјалдемократи, кои овозможија потребно двотретинско мнозинство, додека крајната десница беше против.

Австриската стопанска комора претходно соопшти дека е скептична во однос на мерката во кафулињата, хотелите и рестораните кои сега се затворени.

Владата, исто така, сака да воведе задолжителен негативен тест за коронавирус при влегување во болница за лекување на други болести освен Ковид-19.

Австрија не успеа да го намали бројот на заразени иако воведе трет карантин од почетокот на пандемијата по Божик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.