Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека земјата оди во нова блокада поради последиците од зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

Ситуацијата е јасна. Ако не сториме нешто веднаш, ќе имаме преоптоварување на одделенијата за интензивна нега – рече Курц на прес-конференција.

Новите мерки стапуваат на сила во вторник на полноќ.

Веројатно најстрогата мерка што е воведена е полицискиот час, така што на Австријците нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови помеѓу 20 часот навечер и 6 часот наутро, а исклучоците ќе бидат ретки.

Сите јавни настани се откажани, хотелите се затворени (со исклучок на службени патувања). Рестораните ќе бидат затворени во следните четири недели, но доставувањето храна ќе биде дозволено.

Сите компании што можат да го сторат тоа би требало да преминат на онлајн начин на работа. Градинките, основните училишта и продавниците ќе останат отворени, но средните училишта и универзитетите преминуваат на онлајн настава.

Фабриките продолжуваат да работат, како и секторот за лични услуги. Воведени се и ограничувања за посета на домаќинствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.