Австрија веќе нема да ја користи вакцината на „Астразенека“ во процесот на вакцинирање, најави министерот за здравство, Волфганг Микштајн.

Тој рече дека причина за тоа е проблемот со испораките што ги има шведско-британскиот фармацевтски концерн.

Микштајн рече дека за втората доза, за граѓаните кои ја примиле првата доза на „Астразенека“, има доволно вакцини од тој производител во магацините.

Тој најави дека во иднина Австрија ќе се потпре на својата кампања за вакцинирање само на mRNA вакцините на „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“, како и на векторската вакцина „Џонсон и Џонсон“.

И нарачаните количини за 2022 и 2023 година се состојат од 90 проценти од mRNA вакцини, додаде Микштајн.

Тој рече дека неговата одлука нема никаква врска со наводното послабо дејство на „Астразенека“, што, како што вели, не е случај, туку само со проблеми со испораката.

ЕУ не го продолжи договорот со „Астразенека“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.