Oператорите со електрична енергија во Виена, Долна Австрија и Бургенланд на почетокот на следната година ќе ја поскапат струјата за околу 17 отсто.

За домаќинство со годишна потрошувачка од 3.500 киловат-часови тоа ќе значи дека по по 1 јануари ќе имаат месечно зголемување од 13 евра, најавува групацијата оператори во три провинции во источна Австрија, „ЕнерџиАлианц“.

Како што се наведува во соопштението, поскапувањето е неизбежно поради состојбата на меѓународниот пазар на електрична енергија и растот на австрискиот индекс на електрична енергија за 84 отсто за една година.

Социјалдемократската партија на Австрија реагираше на најавата за поскапување на струјата и побара од Владата ефикасна борба против бранот поскапувања, како и ефективни мерки за брзо олеснување за граѓаните.

Цената на струјата во провинцијата Штаерска од крајот на овој месец ќе биде повисока за 7,9 отсто, што ќе донесе повисоки месечни трошоци за просечното домаќинство за 5,33 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.