Раководството на Австриската народна партија го избра министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за нов претседател на партијата, а со тоа и за канцелар на Австрија, соопштија од партијата.

Нехамер беше задолжен за спроведување на тврдоглавата имиграциска политика на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој вчера објави дека се повлекува од политиката, што доведе до тоа канцеларот Александар Шаленберг да објави оставка.

Шаленберг вчера изјави дека верува оти функциите на канцелар и лидер на партијата треба да ги извршува едно лице, а дека не сака да биде претседател на партијата, пренесе Ројтерс.

Затоа, ќе ја ослободам функцијата канцелар штом ќе се постави релевантен курс во партијата – посочи Шаленберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.