встрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В и договорено е да набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој за набавката на руската вакцина разговараше на 26 февруари со рускиот претседател Владимир Путин, а кон крајот на март започнаа преговорите со производителот.

Засега не е познато дали Австрија ќе чека официјално одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Минатата недела од кабинетот на канцеларот е соопштено дека во следниот период ќе биде одлучено на кој начин Спутник В ќе биде лиценцирана.

Унгарија и Словачка засега се единствените членки на ЕУ кои ја набавиле руската вакцина, но во Словачка не се користи бидејќи се уште не е одобрена од националната Агенција за лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.