Во знак на солидарност со Израел Австрија, Чешка и Словенија го поставија сино-белото знаме на Израел на зградите на владите на овие европски држави.

Во знак на солидарност, го поставивме знамето на Израел на зградата на Владата, објави Владата на Словенија на Твитер и ги сподели фотографиите на кои е истакнато знамето на еврејската држава.

Ние ги осудуваме терористичките напади и стоиме покрај Израел, се додава во пораката.

Најстрого ги осудувам нападите на Израел од Појасот Газа, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц во изјава што ја пренесува АФП.

Израел има право да се брани од овие напади. За да искажеме солидарност, го поставивме знамето на Израел на владината зграда и на Министерството за надворешни работи, додава.

Ништо не може да оправда повеќе од 1000 ракети испалени досега од Хамас и други терористички групи, рече министерот за надворешни работи Александер Шаленберг.

Во петокот, Израел одговори со артилериски оган и воздушни напади на интензивните ракетни напади од палестинската територија, која е управувана од исламистичката екстремистичка организација Хамас.

Ова пратставува најжесток судир межу Израел и палестинските екстремисти од Газа од војната во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.