На Конститутивниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, што се одржа денеска беа избрани претседателот и потпретседателите на делегацијата. За претседател на делегацијата е избран Андреас Шиедер, европратеник од Австрија од групата на Социјалистите и демократите.

Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, за прв заменик-претседател е избрана Ирена Јовева од Словенија од редовите на Обновена Европа и за втор потпретседател – Марион Валсман, европратеничка од Германија од редовите на Народните партии.

Меѓупарламентарната делегација која ги одржува парламентарните односи со Македонија, брои 13 членови и 13 заменици.

Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија) заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Марија Спираки (Грција).                             

Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), заменици  Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаил Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.

Од групата на поранешните либерали, сега Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).

Членови на делеагцијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.