Австралиски воен брод заплени над три тони хашиш вреден околу 112 милиони долари за време на операција во Арапското Море.

Фрегатата Баларат открила 3,1 тон од наркотикот откако на 8 јануари австраллиски војници се качиле за проверки на брод што пловел во меѓународни води.

Австралискиот брод учествувал во операција за безбедност во Блискиот исток во која беа и 33 држави. Тоа е шести голем товар со наркотици запленет за време на меѓународна операција во изминатите шест недели.

Од ноември таа фрегата запленила три товари со дрога. За време на Божиќните празници заплени над 900 кг хеорин вреден над 279 милиони долари од две брода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.